
Во дваесет и второто коло на англискиот Чемпионшип, Барнли славеше над КПР на ,,Лофтус Роуд” со 0-3.
Гостите од Ленкашир доминираа во текот на цел натпревар и беа далеку поконкретен ривал.
Во листата на стрелците за популарните ,,Кларетс” се запишаа Јохан Гудмундсон (19′), Иан Маатсен (45+2′) и Нејтан Теља (71′).
После пауза од три месеци поради повреда, на теренот во составот на Барнли се врати македонскиот интернационалец, Дарко Чурлинов, кој ги одигра последните две минути.
На табелата, Барнли остана на првото место, додека КПР ја зазема деветтата позиција.