Според пишувањата на специјализираниот балкански портал за ракомет ,,Хендбол планет”, десното крило и репрезентативец на Хрватска, Иван Чупиќ по завршувањето на оваа сезона заминува од Вардар и веќе има договорен трансфер во ППД Загреб, кој ќе почне да важи од 1 јули 2021 година.
Искусното крило се поврзуваше со премин во Кил, но на крај одлуката е да се врати дома и да заигра за хрватскиот гигант. Интересен податок е што Чупиќ никогаш не играл за најголемиот хрватски клуб, бидејќи до сега има настапувано за тимовите на: Медвешчак, Октавио (Шпанија), Горење Велење (Словенија), Рајн Некар Левен (Германија), Виве Келце (Полска) и сегашна дестинација му е Скопје и тимот на Вардар.



