Искусниот Иван Чупиќ во интервју за „Спортске Новости“ зборуваше за ситуацијата во сегашниот Вардар: „Ќе ни биде тешко и во Македонија и во Европа. Мислам дека целите се променија, сега амбицијата е да се помине групата во Лигата на шампионите, да се освои „фајнал-фор“ турнирот во СЕХА-лигата и освојување титула во Македонија, каде и Пелистер и Металург значително се засилија. Некако мислам дека до пролет ќе имаме појасна слика за тоа што сме, дека потоа ќе седнеме и ќе видиме што и како да продолжиме. Дотогаш, ќе биде топло – ладно”
Целото интервју на Чупиќ за „Спортске Новости“ можете да го прочитате ТУКА.