Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Анталија. По двете рутински победи во Анталија, Лина Ѓорческа претрпе пораз од Романката Андреа Роска во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Анталија со 2-0 во сетови или по гемови мечот заврши во корист на романката од 7:6 и 6:3. Ѓорческа на патот кон полуфиналето беше сопрена од романската тенисерка Андреа Роска која е за 116-места послабо рангирана на ВТА листата од нашата тенисерка.



