вторник, април 20, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Мотоспорт

Целосен етапен преглед на Дакар 2021 во автомобилската конкуренција

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 15, 2021
📁 Мотоспорт, Спорт

Вкупно 43. издание на популарното рели Дакар се одржуваше од 3 до 15 јануари во Саудиска Арабија.

Оваа азиска држава беше домаќин на овој спектакл по вторпат во низа, а таму се тркаа вкупно 322 возачи во шест различни категории: мотоцикли, четирицикли, ССВ, лесни прототипови, автомобили и камиони.

Во прилог се наоѓа целосниот етапен преглед во автомобилската конкуренција, во која, Стефан Петерхансел, по рекорден четиринаесетти пат во кариерата, стигна до шампионската титула.

Етапа 1:
Карлос Саинц беше победник на првата етапа, пред Стефан Петерхансел (+0:25) и Мартин Прокоп (+3:18);
Домашниот возач Ал-Раџи загуби 20:16 минути поради дупната гума после 25 км. Иста судбина имаше и Себастијан Леб, кој трипати се соочи со овој проблем. Сценариото му се повтори и на Петерхансел, кој заврши втор поради дупната гума на 40 км до крајот. Негативно изненади Насер Ал-Атијах, кој заврши како десетти (+12 :30).

Етапа 2:
На втората етапа, Насер Ал-Атијах победи пред Стефан Петерхансел (+2:35) и пред Карлос Саинц (+9:17), кој имаше проблеми со навигација и со моторот.
Во вкупниот поредок, Петерхансел води во однос на Саинц и на Ал-Атијах.

Етапа 3:
Ал-Атијах победи на етапата, задавајќи им заостаток на сите останати од над неколку минути, за скок на второто место во поредокот, веднаш зад Петерхансел.
Саинц падна на четвртото место во генералниот пласман, а третото го презеде Матје Серадори. Причината за падот на Шпанецот беше заостатокот од 31:02 минути.

Етапа 4:
Ал-Атијах го намали својот заостаток во однос на Петерхансел за дополнителни 11 секунди, откако Катарецот заврши прв, а Французинот втор на четвртата етапа.
Третото место му припадна на Хенрик Латеган (+1:30), а по него следуваа Себастијан Леб (+2:36) и Карлос Саинц (+2:56).
Во генералниот поредок, Саинц го врати третото место (+35:19), откако Серадори заврши на 28. позиција на оваа етапа со заостаток од 25:48 минути за +51:58 во вкупниот пласман, доволно за шестото место.

Етапа 5:
Во пресрет на петтата етапа, Себастијан Леб доби казна од пет минути поради забрзано возење во несоодветен дел од патеката, а притоа доби заостаток од нови 50:18 минути.
Оваа етапа помина во знакот на Јужноафриканците, откако Жиниел де Вилиерс беше прв, а Брајан Барагванат беше втор (+00:58).
На третата и на четвртата позиција се пласираа Петерхансел (+02:25) и Ал-Атијах (+04:38), а Саинц беше деветти (+15:19).

Етапа 6:
Продолжи лошото сценарио за Леб, кој, поради механички проблем, загуби над два часа на шестата етапа.
До втората етапна победа на Дакар 2021 дојде Саинц, проследен од домашниот пилот Јазид Ал-Раџи (+4:03). На третата и на четвртата позиција се пласираа Ал-Атијах (+7:16) и Петерхансел (+7:34).

Етапа 7:
По денот за одмор следуваше маратонската етапа на којашто Јазид Ал-Раџи, за првпат после 2015, го предводеше цел грид на целта, а по него следуваше озогласеното трио: Петерхансел (+0:48), Саинц (+1:15) и Ал-Атијах (+2:48).

Етапа 8:
Ал-Атијах, на осмата етапа, стигна до четвртата овогодишна победа, претекнувајќи ги Карлос Саинц (+00:52) и Стефан Петерхансел (+03:03). Сепак Петерхансел остана на првото место во поредокот, но со предност од само 04:50 минути во однос на денешниот победник.

Етапа 9:
Клучната етапа со којашто Петерхансел си го поплочи патот кон титулата беше деветтата. Имено, Французинот победи за првпат на овогодинешното издание, задавајќи им огромен заостаток на Ал-Атијах (+12:00), кој трипати менуваше дупната гума и на Џиниел де Вилиерс (+12:19). Во поредокот, Ал-Атијах, после девет етапи, доцнеше 17:50 минути, а Саинц вкупно 62 минути. Во меѓувреме, казната од пет минути на Себастијан Леб, добиена пред петтата етапа, беше укината.

Етапа 10:
Исто како и на седмата етапа, Ал-Раџи стигна на целта пред тројцата првопласирани во вкупниот поредок. Овој пат, Саинц беше четврти (+4:12), а Ал-Атијах (+2:04), со второто место, го намали својот заостаток во однос на Петерхансел за 49 секунди.

Етапа 11:
На претпоследната етапа, популарното трио повторно го предводеше гридот, со тоа што Ал-Атијах победи по петти пат на Дакар 2021, завршувајќи пред Петерхансел (+1:30) и пред Саинц (+2:36).

Етапа 12:
Речиси ревијалната последна етапа му ја донесе победата на Карлос Саинц, односно титулата на Стефан Петерхансел. Французинот славеше по рекорден четиринаесетти пат со 13:51 минути предност во однос на Ал-Атијах. Саинц го заврши релито на третото место (+1:00:57).

Вкупен поредок:

  1. Стефан Петерхансел (44:28:11)
  2. Насер Ал-Атијах (+00:13:51)
  3. Карлос Саинц (+01:00:57)
  4. Јакуб Пржигонски (+02:35:03)
  5. Нани Рома (+3:21:48)

📸 Motorsport.com

Tags: АвтомобилиДакарМотоспортПетерханселСаудиска Арабија
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Гачевски јунак! Фати пенал и спаси победа за Паралимни

Следна вест

Дакар 2021: Кратко резиме на 43. рели во историјата

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

(ВИДЕО) Три хоум-рани, рекорд на кариерата и возбуда во Сан Диего
Останато

(ВИДЕО) Три хоум-рани, рекорд на кариерата и возбуда во Сан Диего

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
(ВИДЕО) Дуелот на ,,чорапите” во корист на Бостон
Останато

(ВИДЕО) Дуелот на ,,чорапите” во корист на Бостон

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
(ВИДЕО) Ефикасната трета третина доволна за триумф на Едмонтон
Останато

(ВИДЕО) Ефикасната трета третина доволна за триумф на Едмонтон

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
(ВИДЕО) Лејкерс поразени од водечкиот тим на Западот
Кошарка

(ВИДЕО) Лејкерс поразени од водечкиот тим на Западот

✏️ Епов Насе
20/Апр/2021
Следна вест
Дакар 2021: Кратко резиме на 43. рели во историјата

Дакар 2021: Кратко резиме на 43. рели во историјата

Последно

(ВИДЕО) Три хоум-рани, рекорд на кариерата и возбуда во Сан Диего

(ВИДЕО) Дуелот на ,,чорапите” во корист на Бостон

(ВИДЕО) Ефикасната трета третина доволна за триумф на Едмонтон

(ВИДЕО) Лејкерс поразени од водечкиот тим на Западот

Гечевски: Бајиќ е вистински избор за селектор

Ѓорѓески започнува интернационална кариера

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.