Во 20. коло од данската Суперлига, по 105. пат во историјата се соочија градските ривали на главниот град – Брондби и Копенхаген.
Нивниот меч, по 34. пат досега, заврши во корист на Брондби, кој славеше со 2-1.
Домаќините поведоа во 71. минута со вториот овосезонски погодок на Ласе Виген, иако беа надиграни од своите ривали.
Десет минути подоцна, Камил Вилчек погоди за Копенхаген, но поради фаул, неговиот гол беше поништен.
Во самата завршница на регуларниот дел, Андреас Максо (90′) од пенал го совлада Карл-Јохан Јонсон и ја удвои предноста на Брондби.
Во судиското продолжение, Копенхаген успеа само да намали на 2-1 преку вториот гол на Јенс Стаге (90+3′) во тековната сезона.
Со новите три поени, Брондби изби на првото место со натпревар повеќе во однос на Мидтјиланд, додека Копенхаген останува на третата позиција.
📸 Lars Ronbog / FrontZoneSport via Getty Images