понеделник, април 19, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Бриж убедлив против Гент: Бас Дост стрелаше двапати

Епов Насе ✏️ Епов Насе
март 15, 2021
📁 Спорт, Фудбал

Пред само една година, дуелот помеѓу Гент и Клуб Бриж беше најквалитетен во Белгија, кога стануваше збор за позициите на табелата.

Сепак, оваа сезона ситуацијата е драстично поинаква со тоа што Бриж остана убедлив на врвот, а Гент се наоѓа на единаесеттата позиција.

Токму така остана состојбата на ранг-листата и после нивниот денешен меѓусебен заостанат дуел од 28. коло.

Имено, на ,,Геламко Арена” во Гент, Клуб Бриж убедливо триумфираше со 0-4.

Во првото полувреме, кое заврши без голови, Гент имаше подобри прилики, но противниците ја имаа контролата над топката.

Поквалитетната игра на Бриж дојде до израз во вториот период од мечот, кога во интервал од половина час, Синан Болат дури четири пати ја извади топката од својата мрежа.

Во два наврати, во листата на стрелците се запиша искусниот Холанѓанец, Бас Дост (52′, 67′), а помеѓу неговите погодоци прецизно шутираше 20-годишниот Шарл де Кетелере (63′).

Три минути после третиот гол, Дост му го отстапи местото на Даниел Перез, кој во 81. минута, го постигна својот прв сениорски погодок во дресот на Бриж.

За ,,Сино-црните”, ова беше прва победа над Гент после три меѓусебни пресметки, додека популарните ,,Бафалос” го запишаа најубедливиот овосезонски пораз.

📸 Jeroen Meuwsen/BSR Agency/Getty Images

WHAT A GAME! WE ARE BRUGES! 😍🔵⚫ #GntClu pic.twitter.com/HxDuajDfMB

— Club Brugge KV (@ClubBrugge) March 15, 2021
Tags: БелгијаГентЈупилер ЛигаКлуб БрижФудбал
ShareTweet
Претходна вест

Резултати и табела во Трета лига Југозапад

Следна вест

Енрике повика голман во репрезентација кој никој не го препознава

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

ЖКК Бадел по планот ја совладаа и Струга за максимален ефект
Кошарка

Бадел владее во женската кошарка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
(Галерија) Стружанки неможеа против расположениот Бадел
Кошарка

Кошаркарките од Струга убедливо ја освоија Крива Паланка

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
Кошарка

(Видео) Димитријевиќ и Хувентут го испотија Реал Мадрид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2021
(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф
Останато

(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф

✏️ Епов Насе
18/Апр/2021
Следна вест
Енрике повика голман во репрезентација кој никој не го препознава

Енрике повика голман во репрезентација кој никој не го препознава

Последно

Бадел владее во женската кошарка

Кошаркарките од Струга убедливо ја освоија Крива Паланка

(Видео) Димитријевиќ и Хувентут го испотија Реал Мадрид

(ВИДЕО) Авангард го отвори финалето со гостински триумф

(ВИДЕО) Ферстапен славеше после хаосот во Имола

(ВИДЕО) Ван Аерт најдобар во фото-финишот на Амстел Голд Рејс

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.