Раководството на Брегалница од Штип кој се натпреварува во Втора македонска фудбалска лига на спогодбен начин ја прекина соработката со тренерот на клубот, Добринко Илиевски која што траеше од јули 2019 година. Брегалница, во следното коло од Втората лига – Исток ја очекува пресметката со Каменица Саса во Штип.