Навистина сме мотивирани од успехот на машката репрезентација која за прв пат во историјата успеа да ја однесе Македонија на Европско првенство. Сите во репрезентацијата се чувствуваме добро. Искрено се надевам дека од Казахстан ќе се вратиме со победа, која би ја посветиле на селекторот и нашите неколку репрезентативки кои пред собирот добија позитивни резултати на КОВИД тестирањето, кажа на крајот – Ане Бошеска.



