Во првиот меч од шестото коло на АФЛ, Вестерн Булдогс дојдоа до шестата овосезонска победа, совладувајќи ги ГВС Џајантс со (9.11) 65-104 (15.14).
Имено, во текот на првите три четвртини, Џајантс беа потполно рамноправен противник и после шеесет минути игра губеа само со (6.8) 44-47 (6.11).
Вистинскиот пекол за домаќините беше последниот квартал, во кој гостите од Мелбурн издоминираа со убедливи (3.3) 21-57 (9.3).
Најзаслужен за победата на шампионите од 2016 беше Арон Нотон (2.3), а по два гола постигнаа уште Џош Брус (2.1), Том Либераторе (2.0), Лахлан МекНил (2.0) и Бејли Дејл (2.0).
Од друга страна, најефикасниот играч на мечот беше Тоби Грин со 25 поени (4.1), кој го носеше дресот на ГВС.
На табелата, Булдогс со стопроцентен учинок останаа на врвот, додека Џајантс ја заземаат дванаесеттата позиција.
📸 Cameron Spencer/Getty Images