Maкедонскиот фудбалер Бојан Миовски во минатото коло во дресот на Жирона во шпанското првенствo, постигна два голови и една асистенција во победата на неговиот тим против Еспањол со 4:1.
Оваа одлична негова партија беше доволна за Миовски да се најде во тимот на месецот во Ла Лига со оценка 7,50 според „WhoScored“.
Во идеалниот тим месецот има двајца играчи од Барселона, Д. Олмо и Рафиња, потоа двајца од Осасуна, С. Херера и А. Будимир, како и Н. Агуеро од Реал Сосиедад, К. Ленгле од Атлетико Мадрид и С. Коста од Мајорка, како и уште тројца негови соиграчи А. Мартинез, М. Гутиерез и Б. Хил.




