Бобан Георгиев е најново засилување за ФК Пелистер од Битола.
Задоволство ни е да ја известиме фудбалската јавност дека Бобан Георгиев е нов фудбалер на ФК Пелистер.Бобан игра на десната крилна позиција, но истовремено може да ја покрива и левата крилна позиција. Со своето искуство ќе комплетира огромен дел од мозаикот на Костов.
Георгиев доаѓа од екипата на Воска Спорт, а предходно има играно и за Брегалница, Силекс, Радник Сурдулица, Борац Бања Лука и Леотар Требиње.




