
За првпат после 2010 година, Бирмингем успеа да сврзи две последователни победи над Дерби Каунти, откако славеше во шестото коло од тековната сезона со 2-0.
Бирмингем беше доста поконкретен тим на натпреварот, а до победата дојде преку искористените грешки на одбраната на Дерби.
Најпрво, резултатот го отвори Скот Хоган (31′) со третиот овосезонски погодок, казнувајќи го колосалниот кикс на 20-годишниот бек на ,,Овните” – Ли Букенен.
Во вториот дел, победата на ,,Сините” ја завери Џереми Бела (81′), кој го забележа дебитантскиот гол во сезоната после неуспешното расчистување на Луи Сибли.
За домашниот состав, пред навивачите на ,,Ст. Ендру’с Стадиум”, своето деби го запиша легендарниот поранешен фудбалер на Вотфорд, Трој Дини, кој влезе во игра во 68. минута на местото на Лукас Јуткиевич.
Со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Бирмингем го освои четвртото место на табелата, додека Дерби ја зазема шеснаесеттата позиција.