Шеснаесеттото овосезонско коло од англискиот Чемпионшип го отворија екипите на Барнсли и на Барнмут.
Минатосезонските премиерлигаши успеаја да слават на гостински терен со убедливи 0-4 и со тоа, за момент, да го преземат водството од Норвич, кој утре ќе се соочи со Шефилд Венздеј.
Од друга страна, Барнсли, иако има натпревар повеќе во однос на сите конкуренти, падна на петнаесеттото место.
На денешната средба, Барнмут постигна по два погодоци и во двете полувремиња, иако, при резултат од 0-1, Барнсли ја презеде иницијативата, но не успеа да ги реализира своите шанси.
Стрелци за ,,Црешите” беа Филип Билинг (12′), Доминик Соланке (45+2′), Диего Рико (52′) и Сем Сариџ (69′).



