Најисточната екипа во КХЛ, Амур Хабаровск, двапати се соочи со единствениот казахстански тим во лигата, Барис Нур-Султан, на домашен терен.
Пред два дена, Казахстанците успеаја да триумфираат после пенал-серијата, но денес беа во потполност надиграни.
Имено, Амур дојде до првиот триумф после петте врзани порази и тоа со резултат од 5-1.
По првите две третини, двата голови на Хинек Зохорна, придружени со по еден погодок на Кирил Расказов и на Александер Горшков му донесоа на Амур капитално водство од 4-0.
Во третиот период, двете екипи постигнаа по еден гол. Најпрво, Барис преку Дерен Дитц намали на 4-1, а Владимир Бутузов го постави конечниот резултат.
И покрај поразот, Барис делува сигурно на осмата позиција, последната којашто води во плејоф, додека Амур е претпоследен на Истокот со -13 во однос на денешниот ривал.
📸 HC Amur



