
Со четвртата победа на последните пет натпревари, Барис Нур-Султан атакува на врвот на Источната конференција и моментално го зазема третото место.
Денес, претставниците на Казахстан го совладаа четвртопласираниот тим на Западот, Торпедо Нижњи Новгород, со 4-1.
После првата третина, резултатот гласеше 1-1, но во продолжение Торпедо ја презеде иницијативата.
Сепак, во третиот период, домаќините успеаја да реализираат трипати и да освојат нови два бода.
За Барис, по еден гол постигнаа Кирил Савицки, Алихан Асетов, Линден Веј и Антон Сагадејев, додека за Торпедо стрелаше само Игор Ларионов.




