
Во рамките на денешната КХЛ програма, Автомобилист Екатеринбург го совлада АК Барс Казањ со 2-1 после пенали.
За гостите, ова беше вкупно петти пораз во низа, кој ги спушти на четвртото место во Источната конференција.
Од друга страна, Автомобилист дојде до четвртиот триумф на последните пет средби и се искачи на првото место во истата група.
Во пенал-серијата, победничките пенали за домаќините ги реализираа Виктор Неучев и Анатоли Голишев.
Што се однесува до регуларниот дел, за Авто стрелаше Денис Баранцев во втората, а за АК Барс – Михаил Глухов во првата третина.




