
На последниот ден од регуларната сезона на КХЛ, Автомобилист Екатеринбург го порази Сибир Новосибирск со 0-2.
За гостите, ова беше прв шут-аут триумф во Новосибирск во клупската историја, а најзаслужен за тоа беше голманот Игор Бобков (26/26 одбрани).
Од неговите соиграчи, ,,ледот го скршија” Сергеј Широков и Даниил Романцев, кои ја затресоа противничката мрежа по еднаш во последните седум минути.
На табелата на Источната конференција, Автомобилист го обезбеди четвртото место, додека Сибир ќе се надева на пораз на Металург Магнитогорск за да се најде на петтата позиција.