Екипата на Автомобилист Екатеринбург го презема првото место на Истокот, со денешната победа пд 3-1 над Трактор Чељабинск.
Домаќините го отворија мечот со погодокот на Павел Дацјук во осмата минута, а гостите израмнија на почетокот на третиот период преку Алексеј Бивалцев, кој постигна погодок додека неговиот тим имаше играч помалку.
Сепак, Автомобилист до крајот постигна уште два пауер-плеј погодоци преку Андреј Обидин и гореспоменатиот Дацјук за поставување на конечниот резултат.



