
На првото тимско натпреварување во новата сезона од Светскиот куп во санкање, одржано во Јанкинг, Кина, најмногу се радуваше Австрија.
Имено, првата победа во сезоната на оваа европска земја ѝ ја донесоа победничката кај дамите, Маделен Егле, Давид Глајршер и тандемот Томас Штој/Лоренц Колер.
Втората позиција ѝ припадна на селекцијата што се врати во Светскиот куп после 2019, односно на САД (+0,375), за која санкаа Ешли Фаркварсон, Такер Вест, Крис Маздер и Џејсон Тердимен.
На олимписката патека, денешниот пиедестал го комплетираше Италија (+0,380), односно Верена Хофер, Доминик Фишналер, Емануел Ридер и Симон Каинцвалднер.