Големата светска музичка ѕвезда Лејди Гага го објави својот нов видеоспот “Aбракадабра” . Во него главната улога ја толкува австралиецот Мајкл Дамески со македонско потекло.

Мајкл е роден во Австралија, а неговите родители се по потекло од Прилеп. Тој во 2008 година пеел на детскиот фестивал „Златно славејче“ со песната „Еден танц“. Шест години подоцна победил во танц шоуто So You Think You Can Dance во Австралија, а ја добил и наградата „Најпопуларен танчер во Австралија“. Настапувал во неколку мјузикли.
Македонската јавност го запозна австралиецот со македонско потекло Мајкл Дамески уште во 2014 година, кога победи во австралиската верзија на шоуто за танц „So You Think You Can Dance“.
Во 2018 година во големото телевизиско шоу World of Dance стигнува до големото финале, каде штпо завршува како втор.
Погледнете го новиот спот на Лејди Гага и изведбата на Мајкл во него.




