Потврдено е дека мечот Лајпциг – Ливерпул наместо во Германија, ќе се игра во унгарската престолнина Будимпешта, а според романските медиуми, 90 проценти е сигурно дека Атлетико Мадрид и Челзи силите ќе си ги одмерат во Букурешт.
Романската федерација дала дозвола тој меч на 23 февруари да се игра на најголемиот стадион во Романија. Тоа е стадионот на кој македонската репрезентација треба да дебитира на Европско првенство во јуни.