Арсенал, Фиорентина, Баер Леверкузен, Лајпциг ,Валенсија покажувале интерес за нашиот репрезентативец Енис Барди. Барди третата сезона во Леванте ја заврши со седум гола и три асистенции на 30 одиграни натпревари. Тој има договор со Леванте до јуни 2022 година и откупна клаузула од 50 милиони евра.
Се шпекулира дека Леванте од трансферот на Барди ќе заработи околу 30 милиони евра, иако според „Трансфермаркт“ тој вреди 12 милиони евра.