Адам Новаковски е англиски фудбалер, кој деновиве е главна тема во англиските медиуми. Имено, Англичанецот потпиша нов договор со шестолигашот Бредфорд ПА според којшто платата ќе му изнесува само една фунта неделно. Новаковски дури ќе ги покрива и своите патни трошоци, а во меѓувреме работи како менаџер за продажба во една прехранбена фирма.
„Сакав само да му вратам нешто на нисколигашкиот фудбал којшто беше добар со мене во текот на изминатите години. Пандемијата значи дека има многу непознати финансиски потешкотии во оваа сезона, не само во Бредфорд ПА, туку и во сите нисколигашки клубови. Затоа одлучив да си понудам можност и да потпишам за некој клуб за само една фунта неделно за да му помогнам во овој тежок период. Едвај чекам да почнеме и знам дека цела екипа еднај чека да го види враќањето на навивачите.“ – се огласи Новаковски.
„Адам беше навистина важен играч за нас претходните неколку сезони играјќи на повеќе позиции и секогаш имајќи влијание во играта. Неговата версатилност и неговиот карактер го направија навистина популарен член на екипата, како во соблекувалната, така и помеѓу навивачите.“ – гласеше дел од изјавата на тренерот Марк Боувер.
Имено, Новаковски игра во Бредфорд ПА уште од сезоната 2016/17, а претходно настапуваше за Дарлингтон 1883 и за Херогејт Таун.



