Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација во периодот од 1-19 септември ќе учествува на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во четири земји (Полска, Чешка, Естонија и Финска) .Нашите одбојкари се сместени во групата „Ц“, во Тампере (Финска). Прв ривал ни е домаќинот Финска на 1 септември од 18.00 часот по македонско време, на 3 септември играме со Холандија, на 5 септември против Турција, следниот ден со Шпанија, а последен противник е Русија.
„Првиот натпревар на првото европско првенство го игравме против Финска и бевме во грч затоа што дебитиравме на европската сцена. Вторпат отвораме со Финска, со тоа што сега сме поискусни за две години. Фокусот ни е најмногу на Финците, а потоа ќе ги гледаме другите противници и ќе се подготвуваме за да оствариме позитивни резултати“, изјави либерото на македонската одбојкарска репрезентација, Дарко Ангеловски