Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го потврди новиот договор со селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски. Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор, а деталите не се познати за пошироката спортска јавност.
Селекторот Ангеловски, го потврди договорот и напомена дека ги занемарил личните интереси, за интересите на репрезентацијата и нагласи дека целата нација и сите навивачи да бидеме сложни и да покажеме единство.



