Големиот талент на Македонскиот ракомет на голманската позиција Андреј Петковски , пред одлука дали да остане во некој од домашните клубови или замине во странтво. Веќе 5 годишно искуство на 22- годишниот голман во суперлигашка конкуренција во екипите на Вардар јуниор, Работнички, Голден Арт и Пролет пред важна одлука за неговата кариера. Во секој клуб имаше одлична презентација и константен напредок , ќе видиме во следниот период која ќе биде неговата одлуката.
Ќе одлучам во следните две недели кој ќе биде мојот клуб, искрено се е отворено во моментов, иако сакам да се пробам во странсака екипа и силно првенство со големи амбиции , не ја исклучувам можноста да останам тука уште една година изјави Петковски.
Инаку Андреј е син на поранешниот репрезентативец и голман на Македонската репрезентација Зоран Петковски, кој во моментов работи со младите категории во Вардар.