вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Андреевска: Каменица заслужува титула дали на зелена маса или освоена на терен

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
мај 17, 2020
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

,,Моменталната пандемија на Корона Вирусот која владее насекаде низ светот, а и рестриктивните мерки за справување со истата, предизвикаа голем негативен одраз врз спортот. Меѓутоа мислам дека тој негативен одраз е уште поголем кога се работи за колективните спортови како што е фудбалот, затоа што индивидуалниот тренинг е со далеку помал ефект за играчите за разлика од колективното тренирање.

Што се однесува за нашата Прва женска фудбалска лига, сеуште ФФМ нема донесено конкретна одлука за тоа дали ќе биде сезоната продолжена или ќе има прекин на првенството. Мое размислување на оваа тема е дека сме должни да ги почитуваме одлуките кои ќе бидат донесени, без разлика дали ќе има прекин или лигата ќе продолжи со зголеми сигурносни и здраствени мерки. Ние треба одговорно да се однесуваме со целата ситуација, затоа што одговорноста за здравјето кон нас самите како и кон другите е најважно.

После неколку сезони баш оваа сезона првентсвото е на повисоко ниво и има повеќе дерби натпревари. Во иднина очекувам поголема подршка како медиумска така и финансиска, а ние секако заслужуваме многу поголемо внимание. Што се однесува до мојот клуб ЖФК Каменица Саса уште на самиот старт на оваа вонредна ситуација трениравме индивидуално според програмата на нашиот тренер Зоран Златковски. Ние таа програма одговорно и максимално ја одработуваме.  

ЖФК Каменица се наоѓа на првото место со 11 победи и само еден нерешен резултат и сме на чекор на освојување на првата шампионска титула без разлика тоа ќе се случи на зелена маса или одработена на терен нашите амбиции се освојување на првото место. За крај сакам да им порачам на сите да се однесуваат одговорно кон целата оваа ситуација без разлика на олабавувањата на мерките, затоа што од оваа криза треба да извлечеме позитивни работи, како што се грижата за нашето здравје и здравјето на нашата планета”- изјави Ленче Андреевска.  

Share370Tweet
Претходна вест

МОЌЕН ВАРДАР – Остануваат Стоилов, Дибиров и Дисингер

Следна вест

(Видео) Гелевски: Павловска ќе биде наследничката на Андонова

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

(Видео) Гелевски: Павловска ќе биде наследничката на Андонова

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.