
Олимпискиот турнир во женската фудбалска конкуренција започна денес со вкупно шест дуели на програмата.
Еден од нив беше и дербито на групата Г, во кое, силите ги одмерија Шведска и САД.
Актуелните олимписки вицешампионки накрај убедливо ги поразија Американките со резултат од 3-0 и го направија првиот чекор за влез во нокаут-фазата.
Стрелци за европската селекција беа Стина Блекштајниус (25′, 55′) и резервистката од клупата – Лина Хуртиг (72′).
Поразениот состав, предводен од Македонецот Влатко Андоновски, беше во потполност надигран, но сепак имаше две добри прилики, кои завршија со удар во стативата.
За САД, ова е втор највисок пораз во историјата, после дебаклот од 4-0 од Бразил во 2007.