Ана Котевска, ученичка во ДСД паралелката во СУГС Гимназија Јосип Броз Тито-Скопје освои прво место на Интернационалната олимпијада која се одржа во Гетинген, Германија.
Ана под менторство на Кристина Клиафа-Трпеска донесе прв златен медал за Македонија.
Ана Котевска ја освои злато во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Среќното прво место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Ана Котевска учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.




