Амур Хабаровск дојде на само еден поен од плејоф-зоната, откако, денес, ја забележа втората победа во низа, совладувајќи го Јокерит со 4-1.
Имено, победата на хокеарите од Хабаровск им ја донесоа Владимир Бутузов и Александер Полунин, кои се запишаа во листата на стрелците по двапати на овој меч.
Од друга страна, единствен хокеар на Јокерит што успеа да ја затресе мрежата на Јевгени Аликин беше Мико Лехтонен, во втората третина при резултат од 2-0.



