среда, февруари 8, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Алиоски: Овде сме дојдени да победиме

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
септември 22, 2022
📁 Фудбал

Македонската А репрезентација вечерва во 18:00 часот во Тбилиси го игра натпреварот од 5. коло во групата од Лига на нации против домашната Грузија. 

На официјалната прес-конференција пред новинарите говореа селекторот Благоја Милевски и репрезентативецот Езѓан Алиоски. 

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

Секогаш е важен тимот. Тој победува, а не индивидуалците. Се концентрираме на тоа како ќе функционираме како тим против одличен противник. Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот против Италија и Португалија, но за жал се соочивме со многу проблеми во Лига на нации. Имавме многу повредени фудбалери и принудно менувавме, иако тоа не беше план. Продолжуваме со таа транзиција, а ова е можност да се увериме во квалитетот на помладите фудбалери. Додека постојат и најмали шанси ние ќе се бориме. 

Никогаш не се навраќам на минатото, а нема ниту на мечот со Грузија во Скопје. Играат поразличен фудбал од порано, а дали се поквалитетни од нас, ќе покаже времето. Во фудбалот не победува секогаш подобриот. Ако мислиме дека не можеме да победиме тука, не би ни дошле. Овде сме дојдени да победиме. 

Езѓан Алиоски – репрезентативец на Македонија:

Го исполнивме сонот овде, се пласиравме на Европско првенство, но тоа е веќе зад нас. Не е важно дали играме пред полни трибини или без публика, навивачите не се на теренот, за добар резултат треба да одиграме добар фудбал, а ние сме дојдени за да го покажеме нашиот квалитет. Поразот дома навистина беше болен за нас и ќе се обидеме да победиме тука. 

Не е потребно јас како повозрасен да ги мотивирам помладите. Овој дрес е мотивација сам за себе. Победа ќе ни донесе уште подобра атмосфера. Не сме под притисок и мислиме само на тимот. 

ShareTweet
Претходна вест

Бојан Миовски: Подготвени сме да го дадеме најдоброто против Грузија

Следна вест

Јани Атанасов: Желни сме за успех

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Волос триумфираше по вторпат во последните три месеци
Спорт

Волос триумфираше по вторпат во последните три месеци

✏️ Епов Насе
06/Фев/2023
(ВИДЕО) Фантастични сцени во Солун: ПАОК ремизираше со Олимпијакос
Спорт

(ВИДЕО) Фантастични сцени во Солун: ПАОК ремизираше со Олимпијакос

✏️ Епов Насе
05/Фев/2023
(ВИДЕО) Два пресврти и гол во 90+7′ за победа на Бирмингем
Спорт

(ВИДЕО) Два пресврти и гол во 90+7′ за победа на Бирмингем

✏️ Епов Насе
05/Фев/2023
(ВИДЕО) Миовски стрелаше двапати во победата на Абердин против Мадервел
Спорт

(ВИДЕО) Миовски стрелаше двапати во победата на Абердин против Мадервел

✏️ Епов Насе
04/Фев/2023
Следна вест
Јани Атанасов: Желни сме за успех

Јани Атанасов: Желни сме за успех

Последно

(ВИДЕО) Пантуро со светско злато ја награди домашната публика во Куршевел

(ВИДЕО) Сибир се спаси во последната минута, но загуби на пенали

Радовиќ: Ќе дадеме се од себе во Данска

Валтер: Планираме да се вратиме со бодови од Данска

Чаневски бранеше одлично во дербито во Израел

Маџовска е МВП на колото во Бундес лигата

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.