Карипската Премиер лига е една од најквалитетните светски лиги кога е во прашање Т20 крикет.
Синоќа, истата започна со дуелот, во кој, Јамајка Талавахс ги декласираа актуелните шампиони, Ст. Китс и Невис Патриотс, со 136/8 (20) – 183/2 (20).
За Јамајка, на теренот излегоа само четири играчи, кои имаа значаен поентерски учинок – Брендон Кинг (89), Кенар Луис (48), Ровман Пауел (30) и Фабијан Ален (3).
Од фрлачите на домашната екипа, викет освоија само Џејден Кармајкл (1-22) и Двејн Браво (1-46).
Што се однесува до фрлачите на Талавахс, одлични беа Николсон Гордон (3-32), Мигел Преториус (2-35) и Имад Васим (2-20).
На удирачката страна за ,,Патриотите”, сите имаа скромен учинок, но сепак најмногу се истакнаа Шерфејн Ратерфорд (33) и Андре Флечер (31).
Во попладневниот термин од денешниот ден ќе биде одигран и вториот дуел во сезоната помеѓу Ст. Луција Кингс и Тринбаго Најт Рајдерс.