Лидс Јунајтед речиси две децении е надвор од англискиот прволигашки фудбал, но тоа не го спречува овој клуб да произведува таленти. Имено, Лидс важи за еден од тимовите во Англија со најквалитетна академија. Популарниот клуб од Јоркшир, во последните единаесет години има одграно само еден натпревар без сопствен академски продукт во својот тим.
Од оваа академија, во последните години излегоа доста квалитетни играчи. Некои од нив се: Џејмс Милнер (Ливерпул), Дени Роуз (Тотенхем, а на позајмица во Њукасл), Калвин Филипс (Лидс), Луис Кук (Барнмут), Том Керни (Фулам), Арон Ленон (Барнли) и Фабијан Делф (Евертон).
*во загради е впшиан сегашниот клуб (за сезоната 2019/20) на горенаведените играчи*