Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми за хрватските медиуми изјави дека му претставува чест што одбрал да игра за Македонија, наместо за Хрватска и дека никогаш не зажалил за таа одлука.

„Како дете често одев во Македонија и кога дојде повик немав проблем да го прифатам и да играм за македонската репрезентација. И никогаш не зажалив што го одбрав тој пат, зашто на крајот се покажа како супер, дека за мене тоа беше правиот пат. Знам дека често се бара виновник за тоа што не заиграв за Хрватска“, изјави Аријан Адеми.