
Во ,,мечот на неделата”, според уредниците на МЛБ, Хјустон Астрос беа поразени на домашен терен со 5-8 од страна на Сиетл Маринерс.
За Астрос, овој пораз значеше прекин на мини-серијата од две победи, додека за Сиетл, ова беше шесто славје на последните осум пресметки.
На мечот, сè до крајот на шестиот ининг, момците од Тексас водеа со 4-2, а во пресрет на последната деветтина, резултатот гласеше 4-4.
Во завршниот дел од натпреварот, удирачите на Маринерс поентираа четири пати за да дојдат до конечниот триумф.
Имено, од домашниот состав, хоум-ран забележаа Марвин Гонзалез, Хозе Алтуве и Алекс Брегман, а со трчање, поени освоија Јордан Алварез и Кајл Такер.
Од редовите на Маринерс, Џеј Пи Крофорд беше единствен што ја однесе топката на трибините, додека по четири бази освоија Митч Ханигер, Кајл Сигер, Тај Франс, Абрахам Торо, Дилан Мур, Џеред Келеник и Хозе Мармолехос.
И покрај загубената средба, Хјустон (81-58) остана на второто место во Американската лига, додека Сиетл (76-64) ја зазема седмата позиција.



