
Металург од Магнитогорск ја започна новата КХЛ сезона со две победи од два одиграни натпревари.
Денес, ,,Лисиците” од Истокот ги поразија хокеарите на Барис Нур-Султан среде казахстанската престолнина со 1-2.
Иако првите два периоди изобилуваа со шанси, резултатот беше отворен дури во третата третина, кога Јакоб Лилја им донесе водство на домаќините.
Неполни пет минути подоцна, Максим Карпов ја искористи играчката предност на Металург и израмни на 1-1 со неговиот прв овосезонски погодок.
Победата на фаворизираните гости им ја донесе и нивниот најизразит поентер во досегашниот дел од сезоната, Андреј Чибисов, кој ја затресе мрежата на Јони Ортио на минута и пол пред крајот на мечот.
После две кола, Металург го зазема третото, а Барис – десеттото место во Источната конференција.



