Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра три натпревари од квалификациите за светското првенство. На 2. септември ја пречекуваме Ерменија, на 5. септември гостуваме во Исланд, а на 9. септември на домашен терен ќе играме против Романија.
Александар Трајковски – репрезентативец на Maкедонија:
„Среќен сум што повтoрно сум дел од оваа репрезентација, радосен сум што повторно ги гледам момците, има и неколкумина млади и очекувам да го продолжиме континуитетот на добри настапи. Имаме нов стручен штаб и искрено, мислам дека се максимално мотивирани. Ние ќе го дадеме нашиот максимум да се наметнеме на нивните идеи и се надевам дека се ќе биде во најдобар ред.”



