Левиот бек Андрија Мандиќ е нов ракометар на Голден Арт. Дваесетгодишниот битолчанец од пред неколку дена тренира, а од вчера е официјално дел од семејството Голден Арт. Својата ракометна приказна Мандиќ ја стартуваше во школата на Работник од Битола, подоцна Еурофарм Работник, продолжувајќи во Пелистер и Металург од каде што пристигна во Голден Арт.



