
Во вчерашната увертира на новата сезона од италијанската Серија Б, Фросиноне и Парма ремизираа со 2-2.
По неа, следуваа двете денешни средби, кои завршија со минимален резултат од 1-0, односно со 0-1.
Имено, минатогодишниот финалист на плејофот, Читадела, на домашен терен заслужено славеше против Виченца, благодарение на голот на дефанзивецот Доменико Фраре (53′).
Од друга страна, до првата гостинска победа стигна екипата на Перуџа, која преку Јакопо Мурано (45+2′) го реши составот на Порденоне.
На натпреварот, победниците останаа со десетмина на теренот, откако во интервал од пет минути, Кристијан Куан доби два жолти картони (86′).
На утрешната програма ќе бидат преостанатите седум мечеви, односно:
Реџина – Монца
Тернана – Бреша
Асколи – Козенца
Беневенто – Алесандрија
Кремонезе – Лече
Кротоне – Комо
Пиза – СПАЛ



