
Џими Флојд Хаселбенк беше протагонист во минатосезонското епско изборување на опстанок на Бартон Албион во англиската Лиг 1.
Сепак, Холанѓанецот во новата сезона ги предводеше ,,Пиварите” до стопроцентен учинок после првите три кола.
Имено, во третото коло, Бартон на домашен терен славеше со минимални 1-0 над фаворизираниот Сандерленд.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Џони Смит (66′) од единствениот удар во рамките на голот на Ли Бурџ.
За Сандерленд, вклучувајќи ги и пријателските средби, ова беше прв пораз после 19 мај, кога Линколн славеше со 2-0 во полуфиналето на плејофот.
Од друга страна, Бартон, со максимални девет поени, го дели првото место на табелата Портсмут.



