
Вчера, на своја 34-годишна возраст, официјалното пензионирање од АФЛ го најави легендарниот Еди Бетс.
Бетс игра во нападот и моментално ги брани боите на Карлтон Блус, односно клубот кој го драфтуваше како трет пик во претсезонскиот драфт во 2004.
Австралиецот настапуваше за екипата од Мелбурн од 2004 до 2013, каде што на 184 натпревари постигна 290 голови.
Од 2014 до 2019, напаѓачот се пресели во Аделаид Краус, односно во тимот за кој одигра 132 средби и забележа 310 погодоци.
Од оваа година, Бетс се врати во матичниот клуб, а последниот меч ќе го одигра во сабота против ГВС Џајантс.
Во кариерата има единаесет индивидуални признанија, а дури четири пати ја однесе наградата за најдобар гол во сезоната (2006, 2015, 2016 и 2019).



