
Серхио Гарсија дојде до третата овосезонска победа во Мото 3, откако славеше на трилер-трката за големата награда на Австрија.
Шпанецот беше второпласиран минатата недела на истата патека, но со новите 25 поени ја оживеа битката за титулата, намалувајќи ја предноста на Педро Акоста на 40 бодови.
Акоста, иако беше на чекор до победата, во последниот круг падна дури на четвртата позиција.
Возачот што му го одзеде подиумот на Акоста беше Денис Фоџа, кој дојде до третото место во последниот сектор.
Иако водеше во поголемиот дел од трката, Турчинот Дениз Онџу не успеа да го почувствува вкусот на победата и мораше да се задоволи со втората позиција, откако на три шикани пред финишот го загуби дуелот со победникот Гарсија.
Дел од водечката група и од битката за пиедестал беа Романо Фенати и Хауме Масија, а пласманот во топ 10 го комплетираа Џон МекФи, Изан Гевара, Дерин Биндер и Каито Тоба.



