
Во 2014, во полуфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, Даблин загуби од Донегал со (3-14) 23-17 (0-17).
Оттогаш, па сè до синоќа, претставниците на главниот град на Република Ирска немаа ниеден пораз во најпрестижното натпреварување во галски фудбал.
Првиот клуб што ја прекина долгогодишната доминација на Даблин беше Мејо, кој избори пласман во финалето по вторпат во низа.
Имено, новите финалисти ги поразија актуелните шампиони со резултат од (0-17) 17-14 (0-14), добиен после продолжение.
На полувремето, Даблин иташе кон седмото последователно финале, откако водеше со навидум убедливи 10-4.
Вториот дел во потполност им припадна на фудбалерите на Мејо, кои со серијата од 9-3, обезбедија продолжение, а следствено на тоа – и победа.
Од победничките редови, поентерски најмногу се истакнаа Рајан О’Донохи (0-5), Томи Конрој (0-3) и Роберт Хенели (0-3).
На спротивната страна, најефикасни беа Дин Рок (0-7) и Киран Килкени (0-3).
Во финалето, Мејо ќе го чека победникот од второто полуфинале помеѓу Тироун и Кери.



