
Синоќа, Оукленд Атлетикс го запишаа седмиот врзан триумф, откако им го нанесоа третиот последователен пораз на Кливленд Индијанс.
Имено, претставниците на Калифорнија покажаа во потполност доминантна игра, која кулминираше со конечниот резултат од 0-17.
На мечот, Индијанс успеаја да ги лимитираат на ,,нула” своите ривали само во првиот, во третиот и во седмиот ининг.
Од сите поени на Оукленд, само два дојдоа после хоум-ран, а нивен поентер, заедно со уште едно трчање, беше Митч Морланд.
Освен него, останати играчи што се запишаа во листата на поентерите беа: Џош Херисон, Шон Марфи (х3), Мет Чапман (х3), Елвис Андрус (х2), Тони Кемп (х3), Сет Браун и Марк Кања.
Фрлачот Крис Басит исто така придонесе за победата на својот тим со освоените шест страјк-аути за шест ининзи.
Непосредно по натпреварот, Оукленд (67-48) го заземаше четвртото, а Кливленд (55-58) – десеттото место во Американската лига.



