Во периодот од 12 до 15 август на ракометното игралиште покрај женска плажа во Струга “Горан Попоски- Бабец” се одржува 49-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Шест македонски екипи меѓу кои домаќинот Струга, Бутел, Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Металург и Тиквеш, поделени во две групи ќе се натпреваруваат за трофејот кој ќе го брани екипата на Еурофарм Пелистер.

На турнирот годинава ќе нема странски тимови, но ќе има врвни ракометни имиња во ростерот на трите најдобри македонски тимови Вардар 1961, Металург и Еурофарм Пелистер. На ракометното игралиште покрај женска плажа во Струга “Горан Попоски- Бабец” ќе ги видиме Гурбиндо, Дибиров, браќата Њокас, Хорват, Периќ, Мандалиниќ, Дарко Ѓукиќ, Немања Обрадовиќ и уште многу други.



