
Двајцата првопласирани во генералниот поредок водеа битка од стартот до финишот на единаесеттата трка од тековната Мото 3 сезона.
Имено, на ,,Ред Бул Ринг” во Австрија, големата награда на Штаерска ја освои Педро Акоста, кој триумфираше по петти пат сезонава.
Шпанецот уште од првиот круг се издвои на врвот заедно со својот сонародник, Серхио Гарсија, кој накрај заврши на второто место и покрај падот во последниот сектор на последниот круг.
Неверојатниот потег на возачот на ,,Аспар Тим” не успеа да го засени ни Италијанецот Романо Фенати, кој накрај заврши на третото место.
На четвртата позиција се пласираше Хауме Масија, а пласман во топ 10 изборија уште: Ајуму Сасаки, Дерин Биндер, Рјусеи Јаманака, Јуки Куни, Максимилијан Кефлер и Адријан Фернандез.



