
Дваесетгодишниот норвешки ас, Јакоб Ингебригтсен, на својот дебитантски настап на ЛОИ дојде и до првото олимписко злато.
Европскиот рекордер на 1500 метри славеше на олимпиското финале на истата дистанца со нов олимписки рекорд од 3:28,32.
Најголемиот фаворит, Кениецот Тимоти Черијот (3:29,01), иако водеше во текот на целата трка, накрај мораше да се задоволи со сребро.
На третото место се пласираше Британецот Џош Кер со ново лично најдобро време од 3:29,05, кој во одлична завршница, го остави зад себе претходниот олимписки рекордер, Абел Кипсанг (3:29,56) и за само четири стотинки го испушти среброто.



