
Дербито на МЛБ, односно на Националната лига, беше дел од синоќешната петочна програма.
Имено, Милвоки Бруерс, на домашен терен, ги пречекаа Сан Франциско Џајантс и после продолжение ги совладаа со 2-1.
Најпрво, Бруерс поведоа во вториот ининг со хоум-ранот на Ависаил Гарсија, а Џајантс возвратија со иста мера во шестиот период преку Брендон Белт.
Во дополнителниот десетти ининг, Гарсија повторно беше херој на домаќините, откако освои четири бази по ударот на Рауди Тељез.
Џајантс најверојатно ќе мораа да се соочат со пораз после регуларниот дел, доколку фрлачот Логан Веб не одиграше маестрална партија со девет страјк-аути за шест ининзи и со само три допуштени бази.
И покрај поразот, Сан Франциско (69-41) останува на врвот на Националната лига, додека Милвоки (66-44) се искачи на второто место.



