
Во премиерниот меч од 21. коло на АФЛ, ГВС Џајантс ја прекинаа серијата од пет триумфи на Џилонг Кетс, совладувајќи ги со (8.17) 65-84 (13.6).
Кетс први го отворија резултатот и поведоа со 8-2, но во продолжение, гостите од Сиднеј ја презедоа предноста и ја држеа до самиот крај.
Од победничкиот состав, најефикасен беше Тоби Грин (4.1), а од неговите соиграчи, по два гола постигнаа уште Хари Химелберг (2.1), Калум Браун (2.0) и Тим Таранто (2.0).
За Џилонг, единствени со повеќе од еден погодок вреден шест поени беа Џек Хенри (2.0) и Есава Ратуголеа (2.0).
На табелата, Кетс останаа на второто место, додека Џајантс влегоа во плејоф-зоната на осмото место.



